Валенсија со голот на Пако Алсасер го зголемила резултатот на 3-0 во пријателскиот натпревар против Рома. Младиот 17-годишен фудбалер бил пресреќен пред полните трибини на Местаља.
Голем момент од трибините го следел и неговиот татко, но прославата за кратко време се претворила во голема трагедија. Таткото на крајот на натпреварот претрпел срцев удар и набргу починал.