Потребно е:
3 јајца
половина лажичка сол
1 чаша јогурт (180 ml)
100 мл масло
200 гр брашно
прашок за пециво
2 полни лажици домашен ајвар
2 прстофат магдонос или власец
50 гр кашкавал за топење
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Јајцата измешајте ги до пена. Зачинете и додадете јогурт и масло. Добро измешајте и потоа додадете неколку лажици брашно. Измешајте и изматете. Постепено додавајте брашно по една лажица додека не добиете изедначена смеса, без грутки. Додадете 2 лажици ајвар. Потоа додадете две сечкани коцки зденка или кашкавал за топење. Во калапот ставете хартиени чаши и истурете ја смесата. Се пече околу 15 минути во загреана рерна на 180 степени. Проверете со чепкалка дали се печени мафините. Уживајте!