
Состојки:
400 гр пилешко месо
3 моркови
1 мал кромид
1 голем целер
1 компир
1 китка магдонос
1 лажица мешавина од суви зачини
тестенини
зрна бибер, по вкус
сол, по вкус
сечкани листови магдонос
Подготовка:
За оваа супа во поголемо тенџере додајте го добро измиеното месо, како и исечканите моркови, сечканиот целер, сечканиот корен од магдонос, цели излупени и измиени компири и кромид исечен на половина. Додадете бибер, по вкус.
Состојките во тенџерето се прелеваат со вода и се варат на тивок оган, за да зоврие супата, додека не се сварат зеленчукот и месото. Отстранете ги компирите, кромидот и пилешкото од супата, а потоа додадете ги тестенините. Додадете сечкани листови од магдонос, зачини и сол, по вкус. Оставете ја супата да зоврие 2-3 минути и потоа тргнете ја од оган, па спојте ги сите состојки повторно. Послужете и уживајте.