Европската држава во која може да ве казнат со 200 евра ако зборувате премногу гласно на телефон

popara12 февруари, 20251min00
Nantes,,France,-,November,20,,2024:,Some,Passengers,Waiting,For

Францускиот сообраќаен закон дозволува казнување на оние кои користат уреди и инструменти кои испуштаат бучава што го нарушува мирот на другите во областите што се користат за јавен превоз.

Светот пред неколку дена беше шокиран од веста дека маж во Франција е казнет со 200 евра затоа што зборувал прегласно на мобилниот телефон.

Човек познат само како Дејвид разговарал со својата сестра на железничката станица во Нант, Франција, на звучникот на мобилниот телефон пред вработен во железничката компанија SNCF да го запре и да го замоли да молчи.

Иако бил предупреден дека ќе добие казна од 150 евра, Дејвид мислел дека вработениот во SNCF се шегува. Одбил да ја плати казната на лице место, а истата била „зголемена“ на 200 евра. Тој ангажирал адвокати кои сега се обидуваат да го оспорат плаќањето на казната, пишува Punkufer.

Во Франција не постои закон кој забранува зборување на мобилен телефон преку звучник на јавни места. Сепак, постојат многу јасни прописи за контрола на бучавата.

Францускиот сообраќаен закон дозволува казнување на оние кои користат уреди и инструменти за да го нарушат мирот на другите со бучава во областите што се користат за јавен превоз. На пример, можете да добиете казна од 60 евра на француските железници дури и ако зборувате гласно на вашиот мобилен телефон без да користите звучник.

Зборувањето гласно на телефон на јавни места или гледањето видеа на мобилен телефон без слушалки е се почеста навика во современиот свет.