
Манипулативната личност ве поттикнува да се сомневате во себе и да мислите дека нешто не можете да направите. Може да ве доведе дури до степен да направи да верувате во тоа.
Ако некоја личност манипулира со вас, тоа значи дека таа ве контролира и ви ја одзема можноста да мислите самите со своја глава.
Манипулаторите има посебни тактики со кои го постигнуваат ова.
Кои се нивните трикови?
Тактики со кои некоја личност се обидува да манипулира со вас:
- Се обидува да направи да се чувствувате виновно и секогаш глуми дека е жртва.
Ќе ве потсети кога ви помогнала за потоа да се чувствувате како да ѝ должите.
- Ве поттикнува да се сомневате во себе и да мислите дека нешто не можете да направите.
Може да ве доведе дури до степен да направи да верувате во тоа.
- Се жали постојано, прави сцени дури и пред другите само за на крај да го постигне тоа што го сака.
- Постојано ве споредува со други, посочувајќи колку некој друг постигнал повеќе од вас и прави да се чувствувате безвредно.
- Ве шармира, ве опсипува со комплименти и прави да верувате во нејзините зборови.
Ова е тактика за потоа да го правите тоа што таа сака.
- Ви дава ултиматуми, дури и онакви дека ќе си наштети самата на себе ако не постапите според нејзините желби.