Шарлиз Терон, која како да ја снема во последно време, се појави во Лондон и ги остави сите без здив со својот изглед. Мора да признаеме дека актерката, која секогаш ги следела модните трендови, изгледа навистина секси.
Покрај тесните фармерки и црната блузичка, холувудската актерка овојпат избрала елегантен капут во крем боја за да го надополни својот изглед.
Терон во моментот работи на најновиот филмски проект за Снежана и седумте џуџиња, насловен како Snow White and the Huntmen. На овој проект таа ќе работи со ѕвездата од Twilight, Кирстен Стјуард.