10 нај ненаселени држави во светот! А баш се екстра за живеење…барем некои!:)

popara18 август, 20112min00
nenaselenizemji

Според една студија на Харвард, до крајот на годината, на Земјата ќе има над 7 милијарди жители. На почетокот на летото, лабораториите на Gadling ги објавија ефектите на зголемувањето на популацијата на ограничениот земјен простор, прикажувајќи ги најнаселените острови во светот. Бидејќи и самата земја, сама по себе е еден остров, луѓето во 21от век ќе се соочат со проблемот на адаптација на зголеменото ниво на популација од една страна и ограничените ресурси од друга страна.

И додека некои држави се борат со проблемот на обезбедување дом и храна за своите жители, постојат земји кои располагаат со огромен неискористен простор. Земјите како Гренланд и Монголија во иднина можеби ќе најдат начин да го искористат овој огромен простор, но денес тие се само одлични предели каде можете да отидете доколку сте уморни од „човештвото“.

И додека се „варите“ на 35 степени во Скопје, следнава листа ќе ве одведе преку степите на Монголија до глечерските предели на Исланд. Ниту една од овие држави не брои повеќе од 10 луѓе на 1 квадратна милја.

10.Мавританија

Локација: Северна Африка

Население: 3.069.000

Густина на население 8,2 луѓе на квадратна милја(3,2 луѓе на км2)

Опис: Мавританија е пустинска земја и е една од најсиромашните земји на Африканскиот континент. Скоро ¾ од нејзината површина се пустински предели, а како резултат на постојаната суша, пустината постојано се проширува. Ако ги додадеме и затегнатите африканско/арапски односи, посетата на оваа земја нема да ве воодушеви.

9. Суринам

Локација: Североисточен дел на Јужна Америка

Население: 491.989

Густина на население: 7,6 луѓе на квадратна милја (2,9 луѓе на км2)

Опис: Суринам е најмалата независна земја во Јужна Америка. Сместена на северно – атлантскиот брег во Јужна Америка, Суринам е земја на дождовните шуми, кои заедно со ретко населената савана, заземаат околу 80 % од нејзината површина.  Повеќе од половината од населението зборува холандски, а останатите зборуваат на повеќе од 14 други јазици. Суринам е најчесто посетувана поради Амазонските дождовни шуми, иако и плажите кои се наоѓаат на северот се прилично добри… и празни.

8. Исланд

Локација: Северно – Атлантски Океан

Население:318.452

Густина на население: 7,5 луѓе на квадратна милја (3,1 човек на км2)

Опис: Кога еден светски производител на алуминиум – Alcoa, одлучи да инвестира во сопствена фабрика ви Исланд, се соочи со несекојдневен проблем. Имено, владата на Исланд побарала средства за да се направи истражување за можноста од постоење на џуџиња, гномови, тролови и самовили на локацијата каде требало да се изгради фабриката. И покрај одредени несогласувања, компанијата го плати истражувањето, кое траело дури 6 месеци. Исланд е висорамнина со вулканско потекло. Околу 10% од нејзината површина е покриена со глечери, а забележлива е присутноста и на голем број гејзири.

7. Австралија

Локација: Тихиот Океан и Јужниот дел на Индискиот Океан

Население: 2.108.655

Густина на население: 7,3 луѓе на квадратна милја (2,8 човек на км2)

Опис: Најголемиот дел од австралиското копно е пустина или полу – пустински предел. Со тоа Австралија е најрамниот континент во светот со најстара и нај неплодна почва и е една од нај ненаселените држави во светот. Но од друга страна, Австралија е една од најпосетените земји во светот, која истовремено може да понуди огромни, од човек недопрени предели, но и модерни градови.

6.Намибија

Локација: Јужна Африка

Население: 2.108.655

Густина на население: 6,6 луѓе на квадратна милја (2,5 луѓе на км2)

Опис: Името на оваа земја доаѓа од името на Намибиската Пустина, која се смета најстара пустина во светот. Пред да се стекне со својата независност, државата се нарекувала Германска Југозападна Африка. Дините на Намибиската пустина се издигнуваат како планини, а се претпоставува дека под неа лежи огромно езеро за кое се претпоставува дека е и најстарото езеро на светот. Пејзажот на Намибија се состои од пет географски предели, кои секој е карактеристичен по животинскиот и растителен свет. Петте географски предели на Намибија се: Централното Плато, Намибиската Пустина, Големата Косина, Бушвелд и пустината Калахари.

5. Француска Гвајана

Локација: северниот дел од  Јужна Америка

Население: 217.000

Број на луѓе на квадратна милја : 6.2

Опис :Француска Гвајана е прекуморски регион на Франција во северниот дел од Јужна Америка. Како дел од Франција, Француска Гвајана припаѓа и на Европската Унија. Се граничи со Бразил на исток и југ, со Суринам на запад, а на север излегува на Атланскиот океан. Главен град Француска Гвајана е Кајена и во него живее половина од популацијата.

Француска Гвајана 90 % од својата територија е покриена со тропска шума. Како држава е многу зависна од субвенциите на Франција, главна индустриска гранка е риболовот ( 75 % од извозот), експоатација на злато и дрва. Валутата која се користи е еврото.

4. Западна Сахара

Локација: северозападен дел на Африка

Население: 513.000

Број на луѓе на квадратна милја : 5

Опис: Западна Сахара  е една од најслабо населените територии во светот и претежно претставува пустинска земја. Се наоѓа во Северозападна Африка и се граничи со Мароко на север, со Алжир на североисток, со Мавританија на исток и југ и со Атлантскиот океан на запад. Главен град е Ел Ајун, во кој живее преку третина од населението на Западна Сахара.

Климата на Сахара е во целост сува. Промената на температурата е екстремна и варира од ниски, кои предизвикуваат замрзнување, до плус 55 целзиусови степени во западните и централните делови. Освен во оазите, во пустината скоро и да нема никакви растенија, освен трнливи грмушки кои растат во западна Сахара. Креирани се вештачки оази со ископување на бунари со над 1000 метри длабочина. Основните растенија на оазите се палмите.

Од животинскиот свет, во многу делови на пустината можат да се сретнат камили, газели, антилопи, чакали, лисици, јазовци и хиени, како и жаби, крокодили, змии, камелеони и гуштери покрај карпите.

3. Монголија

Локација: централна Азија

Население: 2.754.685

Број на луѓе на квадратна милја : 4.56

Опис: Монголија по својата големина е колку сојузната држава Тексас во САД односно  1.564.116 км квадратни. Монголија се наоѓа во Источна Азија и со мал дел во Централна Азија. Монголија граничи со Русија на север и со  Народна Република Кина на југ, исток и на југозапад. На запад Монголија има допирна точка со Казахстан. Најголем а воедно и главен град на Монголија е Улан Батор. Во градот живее 38% од вкупното население на Монголија.

Монголија низ светот е позната по својот голем освојувач Џингис Кан кој пред својата смрт на своите следбеници им остава порака – „Со небесна помош јас освоив за вас огромна империја. Но мојот живот беше прекраток за да го освојам цел свет. Таа задача е оставена на вас.“

2. Фолкландски Острови

Локација: јужен дел на Атлантски океан

Население: 3.140

Број на луѓе на квадратна милја: 0.65

Опис: Со 3.140 жители и 700.000 овци е земјата која има најголем број на овци по глава на жител. Фолкланските острови се состојат од два големи и повеќе мали острови во јужниот Атлантик источно од Аргентина. Името и суверенитетот се спорни долго во историјата.

Посетителите кои ќе дојдат на островите уживаат во прекрасните пејзажи, во игрите на 5 различните видови на пингвини, китови, ретки домашни птици како и грабливки  од кои најпозната е напречно пругастата каракара.

1. Гренланд

Локација: Северно – Атлантски океан

Население: 56.615

Број на луѓе на квадратна милја: 0.069

Опис: Гренланд, најголемиот остров на светот всушност е прекриен со мраз и е ненаселен. Површината на копното кое не е прекриено со крајбрежниот дел на островот, изнесува 342.000 км квадратни и во текот на летото е покриено со свежа зелена трева. Со скоро целата територија се наоѓа на северниот поларен круг. Инфрастктурата е на најниско можно ниво. Повеќето од градовите не се поврзани ниту со патишта, ниту со пруга, па сообраќајот се довива или по море, или воздух. Во локалниот сообраќај, Ескимите користат “скуду”, еден вид на моторна санка. Најголемиот дел од жителите се населени долж брегот долг 39.315 км и претежно се занимаваат со риболов. Голфската струја го одржувајужниот дел на брегот незамрзнат. Од флората, само неколку видови ниски растенија со краток корен опстануваат на острата поларна клима. Вистински рај за очите се арктичкиот рододендрон (роза), камениката и арктичкиот афион. Во појужните делови вирее смрека, бреза, поларна врба…Инуитите (на нивниот јазик – луѓе), иако најголемиот дел од животот го минуваат во нивните ледени живеалишта, се добродушни и полни со човечка топлина.Сувенирите од Гренланд се многу ценети во светот, посебно оние од слонова коска кои се дело на вештите раце на ескимските резбари.
Не помалку се импресивни и барани делата на сликарката Кеноујак, чии слики достигнуваат импозантни цени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag