Има 59 години и лице без брчки: Синди Крофорд откри трик што секој може да го користи

popara4 мај, 20262min00
profimedia-1064964345

Тајните за убавина на Синди Крафорд.

Познатиот супермодел Синди Крафорд има 59 години и изгледа совршено, а сега откри како се грижи за своето лице.

Синди Крафорд со децении одржува младешки изглед. Таа одлучи да ги открие своите златни правила за убава кожа кои се едноставни и ефикасни.

Пијте многу вода

Според Синди Крафорд, хидратацијата е основа на сјајна, еластична и убава кожа. „Изворот на животот е исто така и извор на хидратација“, тврди познатата манекенка.

SPF е задолжителен секој ден

Синди секојдневно нанесува крема со најмалку SPF 30 на лицето и секогаш носи очила за сонце. УВ заштитата е суштински дел од нејзината нега.

Четкање на суво лице

Секое утро, таа практикува суво четкање на телото за да ги отстрани мртвите клетки, да ја подобри циркулацијата и да овозможи подобра апсорпција на козметиката. Ова ја намалува видливоста на целулитот и ја прави кожата мека.

Рутина без прескокнување

Основни чекори што никогаш не ги прескокнува:

  • чистење на лицето
  • нанесување серум
  • хидратантен крем
  • крем за очи.

Не заборавајте го вратот и деколтето

За овие често занемарени области, таа користи креми со хијалуронска киселина и витамин Ц, бидејќи овие состојки ја зацврстуваат кожата и го изедначуваат тенот.

Бидете страсни за нешто

Синди тврди дека вистинската убавина е комбинација од самодоверба и страст. Сјајот во вашите очи е првото нешто што луѓето го забележуваат кај жената, па затоа треба да се занимавате со хоби или активност што ја сакате.

Правилото 80/80 за исхрана

Исхраната на Синди Крофорд се базира на едноставно правило: 80% здрава исхрана, 80% од времето. По ручекот, таа зема мало парче темно чоколадо за да го заслади, што е исто така сигнал за телото дека оброкот е готов.