
Професионалниот дресер на кучиња Гарет Винг откри кои раси, според него, не се најдобриот избор за семејства со деца.
Тој има повеќе од две децении искуство во работа со службени и полициски кучиња, а преку неговото училиште за дресура на кучиња стекнал и голема популарност на интернет.
Во едно од своите видеа, тој издвои три раси кои ги смета за многу тешки за просечните сопственици, нагласувајќи дека некои кучиња бараат многу искуство, простор и строга контрола.
Тибетски мастиф
Првата раса што не ја препорачува за семејства е тибетскиот мастиф.
Како што вели тој, тоа е исклучително силно и доминантно куче кое е познато по својата тврдоглавост и тежок карактер кога станува збор за дресура.
- Тоа е вистинско чудовиште од куче кое е способно да убие цела глутница волци. Па, дали навистина ви е потребно такво куче во куќа со деца? Веројатно не. Тие се познати и по тоа што се многу тврдоглави и тешки за дресирање. Прекрасни животни, но веројатно не за вас – рече тој.

Дога
На неговиот список се наоѓа и Догата. Иако ги опишува како нежни кучиња, тој предупредува дека нивната огромна големина може да претставува голем предизвик за секојдневниот живот.
„Зборуваме за куче кое е едноставно преголемо за повеќето домови.“
Според него, сопствениците на овие кучиња често мора да го прилагодат целиот простор во куќата, како и начинот на кој го организираат својот живот.

Cane Corso
Тој го издвои Cane Corso како раса што најмалку ја препорачува за семејства. Овој моќен италијански мастиф е познат како куче чуварско и работно куче, но тренерот верува дека не е погоден за повеќето луѓе.
- И конечно, расата што најмалку ја препорачуваме за семејства е Cane Corso. Тоа е едноставно премногу куче за 99,9 проценти од луѓето, а ова го велиме ние кои сме не само професионални тренери на кучиња, туку и сопственици на Cane Corso. Тие се буквално како борбени тенкови и не ви треба такво куче во мирна семејна населба – рече тој.
