
Фугите за бања и кујна често се најголемиот извор на нечистотија и мувла, но со едноставен домашен трик, тие можат повторно да изгледаат чисти и уредни.
Сода бикарбона и хидроген заедно создаваат мешавина која ефикасно ги отстранува наслагите, дамките и мувлата.
Додека содата нежно ја „гребе“ нечистотијата, хидрогенот помага во дезинфекција и белење, па фугите се многу почисти и посветли по третманот.
Овој метод е популарен затоа што е едноставен, евтин и не бара силни хемикалии.
Како се подготвува смесата?
Треба да измешате сода бикарбона со малку хидроген додека не добиете густа паста.
Добиената смеса нанесете ја директно на валканата фуга и оставете ја да делува околу 10 минути.
После тоа, користете стара четка за заби и добро истријте ја површината.
На крај, исплакнете сè со топла вода и избришете со сува крпа за да ја одржите површината чиста и сува.