
Едноставен и корисен трик што може да помогне во борбата против гниењето на доматите сè повеќе се споделува на социјалните мрежи.
Многу градинари се соочуваат со проблемот на темни, вдлабнати точки што се појавуваат на дното од плодот при одгледување домати.
Овој феномен е познат како гниење на дното и најчесто е резултат на недостаток на калциум во почвата, што е неопходно за правилен развој на растението.
Високите температури и сушните периоди дополнително можат да придонесат за неговата појава. Во текот на жешките летни денови, растението губи поголема количина вода, што го отежнува правилното апсорбирање и распределување на минералите, па затоа на плодот може да се појават темни дамки.
Зошто лушпите од јајца се одличен избор
Едноставен и корисен трик што може да помогне во борбата против гниењето и расипувањето на доматите се повеќе се споделува на социјалните мрежи, а вклучува употреба на обични лушпи од јајца.
Благодарение на нивната висока содржина на калциум, лушпите од јајца се природна растителна храна. Искусните градинари често ги користат за да помогнат во спречувањето на гниењето на плодовите од домати.
Покрај тоа што обезбедуваат дополнителни минерали во почвата, лушпите од јајца можат да ја подобрат нејзината структура, да помогнат во одвраќањето на полжавите и малку да влијаат на pH вредноста на почвата.

Како правилно да користите лушпи од јајца за домати:
Измијте ги лушпите и оставете ги целосно да се исушат.
Исечкајте ги, а најдобро е да ги сомелете во блендер додека не добиете фин прав.
Расфрлете го прашокот од лушпата околу стеблото на растението.
Нежно измешајте ги лушпите во почвата со раце или мала градинарска мистрија.
Наводнете го растението добро за калциумот од лушпите постепено да се ослободува и да стигне до почвата.
Важно е да се има предвид дека иако лушпите од јајца можат да бидат корисен додаток, неправилното наводнување е најчеста причина за гниење на дното кај доматите.