Две фризури кои никогаш нема да излезат од мода: Одлично им стојат на сите

popara14 август, 20261min00
frizura

Трендовите доаѓаат и си одат, но нема грешка со класиката.

Секоја сезона, фризерите воведуваат нов тренд за стилизирање на косата кој трае кратко време, а потоа доаѓа следниот и така натаму. Промените понекогаш се добредојдени, но ќе се согласите дека е невозможно да се биде во чекор со сè што е актуелно. Овие фризури успешно го издржаа тестот на времето и со децении се омилен избор за понежниот пол. Најдобрата работа кај нив е што одлично изгледаат на повеќето луѓе.

Ако не сакате да ризикувате, овие две фризури се идеални за вас.

Пејџ

Пејџ или боб фризура, со должина веднаш под брадата, одговара на секое лице. Дури и ако имате тркалезно лице, ќе ви стои одлично. Оваа должина е многу ласкава, па лесно ќе ја одржите формата, а фризурата ќе изгледа беспрекорно. Можете да ја носите косата целосно права, но ќе изгледа добро и ако ја виткате.

Слоевита фризура

Овој вид фризура е ненадминлив со децении. Веројатно сте ја имале оваа фризура барем еднаш во животот и сте свесни колку добро може да изгледа и да го истакне вашето лице.

Со оглед на начинот на кој е потстрижена, нема да мора да вложувате дополнителен напор за да ја стилизирате. Само исушете ја со фен, додадете малку пена и „изгужвајте“ ја косата, и ќе имате фризура што изгледа како штотуку да сте излегле од салон.