Сакала за 2000 долари да си го продаде детето на свои пријатели

popara22 август, 20111min00
prod

Американката Џесика Мари (28) се обидела да го продаде својот син (5) на пријатели за 2000 долари. Полицијата ја уапсила откако пријателите ја пријавиле девојката. Џон Гарднер (58) изјавил дека тој и неговата сопруга ја запознале Џесика во околната црква. Повремено и го чувале детето, и на самохраната мајка и помогнале финансиски но и давале и храна.

На почетокот на минатата недела Џесика им понудила на пријателите дека можат да го задржат на момчето за 2000 долари, пишува Њујорк Дејли Њуз. Тие ја пријавиле Џесика во полиција и ја чекале на договореното место за размена. Полицијата веднаш ја уапсила.

Мајката признала дека сакала да го продаде својот син, но не сакала да открие зошто. Џон Гарднер тврди дека таа е зависник од апчиња. Момчето моментално е згрижено во социјална установа, додека Џесика е обвинета дека сакала да си го продаде детето и за кршење на условна казна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag