
Експертите велат дека тројно измиената зелена салата не треба да се мие дома поради зголемениот ризик од вкрстена контаминација во кујната.
„Тројно измиената зелена салата се мие со чиста вода, се исплакнува со дезинфекциско средство, а потоа се мие трет пат за време на преработката. Се смета за производ готов за јадење кога е спакуван и продаден. Ако се мие дома, постои ризик од контаминација“, велат експертите за квалитет на храна.
Изложеноста на која било површина е потенцијална можност за контаминација, а миењето дома само додава непотребен ризик, пишува Хаф Пост.
„Размислете за сè со што зелената салата може да дојде во контакт за време на тоа второ миење, како што се нашите раце, мијалници, цедилници, работни површини, даски за сечење и прибор. Секое од овие може потенцијално да пренесе микроорганизми на храна што ќе се јаде сурова, особено ако сурово месо, морска храна или јајца неодамна биле подготвени на истото место“, рекоа тие.