Како да се однесувате кон новите миленици во првата недела од нивниот престој во вашиот дом

popara18 септември, 20261min00
b_260917132

Вдомувањето ново милениче е навистина посебен момент, но првата недела може да биде предизвик, без оглед на тоа колку добро сте подготвени.

Постојат неколку начини да си го олесните животот и себеси и на вашето милениче.

Клучот за успешен заеднички живот лежи во рамнотежата помеѓу флексибилноста и структурата; таа структура му помага на вашето милениче да разбере што да очекува од вас и од новата средина.

Воспоставувањето рутина – вклучувајќи распоред за хранење и излегување надвор за вршење нужда – може значително да го намали стресот. За да бидете сигурни дека рутината е ефикасна, воведете ја што е можно поскоро откако миленичето ќе пристигне дома.

„Рутината може да биде исклучително корисна за смирување на евентуалната вознемиреност кај новото милениче, особено во нова средина. Ако постојано го менувате распоредот на активности, времето на хранење и прошетките, на вашето ново милениче ќе му треба повеќе време за да се прилагоди“, истакнуваат експертите.

Како што градите доверба со вашето ново милениче, со текот на времето ќе можете да го оставате без надзор подолги периоди. Сепак, во текот на првата недела, треба да го надгледувате колку што ви дозволува распоредот. Следењето на однесувањето на новото милениче ви помага да ги препознаете и коригирате непожелните навики, како што се склоноста кон уништување предмети или вршење нужда во домот, пренесува „The Spruce Pets“.

Исто така, важно е да посветите посебно внимание на исхраната на миленичето во текот на првата недела. Ова помага да се подготви неговиот дигестивен систем за непречена транзиција.

Посетата на ветеринар е идеална можност новиот сопственик да постави какви било прашања, без разлика дали се однесуваат на конкретното милениче или на општата грижа за миленичињата. Ветеринарот може да даде совети за исхраната, социјализацијата и здравствените насоки што е важно да се следат додека градите однос со вашето милениче.

Корисно е да му дозволите на миленичето да се опушти и да се навикне на новата средина, како и вие да го запознаете подобро, пред да го изложите на сите нови искуства.