
Не ви се потребни потпетици за визуелно потенка и поиздолжена фигура.
Високите потпетици и скапата облека не се неопходни за визуелно потенка и издолжена фигура . Клучот е во правилниот избор на кроеви, должина на облеката и комбинирање на бои.
Внимателно одбраните парчиња можат да ја издолжат силуетата и да придонесат за похармоничен изглед, додека одредени детали можат да ги направат нозете да изгледаат пократки .
Со неколку едноставни модни трикови, лесно можете да ги подобрите секојдневните комбинации и да го истакнете најубавиот дел од вашата фигура.
Долги панталони и чевли со шпиц
Оваа комбинација создава впечаток на подолги нозе без потреба од високи потпетици. Истиот ефект може да се постигне и со рамни чевли со шпиц и со модели со ниска , стабилна потпетица . Најважно е панталоните да стојат убаво и да не создаваат набори околу глуждовите.
Монохроматските комбинации и раскопчаниот капут ја издолжуваат силуетата
Комбинирајте панталони и џемпер во иста боја, а стилот надополнете го со подолг капут или палто што ќе го оставите откопчано. На овој начин , создавате вертикални линии кои визуелно ја издолжуваат силуетата и придонесуваат за похармоничен изглед на фигурата.
Откријте ги зглобовите, вратот и глуждовите
Премногу лабавите и гломазни парчиња можат да ја направат фигурата да изгледа поголема , па затоа е важно да се пронајде вистинската рамнотежа помеѓу удобноста и кроевите што му даваат леснотија на целокупниот изглед.Оставете неколку копчиња на кошулата откопчани за да создадете V – изрез што визуелно го издолжува вратот. Можете малку да ги засукате ракавите на јакна, кошула или џемпер и на тој начин да ги нагласите зглобовите, што ја прави комбинацијата да изгледа полежерно и елегантно.Со миди здолништа и пократки панталони, откриените глуждови можат да придонесат за впечаток на потенка силуета. Кога носите чизми, изберете модели кои убаво ја следат линијата на ногата и не се премногу широки на горниот дел .