Не го носете тепихот на скап сервис за чистење: Отстранете ги сите дамки дома со овој едноставен трик!

popara9 ноември, 20261min00
Не го носете тепихот на скап сервис за чистење

Тепихот ќе изгледа како нов.

Луѓето одат по теписи по цел ден, трошки од храна паѓаат врз нив, течности капат од чашите, домашните миленици и децата си играат по нив. Затоа се полни со бактерии и разни дамки. Ќе ви покажеме два начина да ги исчистите без многу мака.

Сода бикарбона за отстранување на дамки

Подгответе сода бикарбона , четка, средство за чистење теписи и вода. Посипете сода бикарбона врз тепихот и оставете ја да делува 10 минути. Потоа исчистете го тепихот со правосмукалка. Потоа испрскајте го средството за чистење по целиот тепих (подгответе го според упатствата на производителот на етикетата). Исчеткајте го тепихот, а потоа истријте го со влажна памучна крпа. Повторете ја постапката за да го отстраните средството за чистење.

Раствор од оцет и детергент

Нанесете средство за отстранување дамки од тепих на највалканите места, особено на дамките, и оставете го да делува 10-15 минути. Ако не сакате да користите хемикалија, направете природно средство така што ќе додадете до ¼ чаша бел оцет, една лажица детергент за миење садови и вода одозгора. Измешајте и натопете ги дамките. По 10 минути, истријте со крпа. Кога сè ќе се исуши, усисајте го тепихот со влечење на правосмукалката директно одозгора кон вас.