Адриан Сутил

popara26 август, 20111min00
Adrian-Sutil

Адриан Сутил е Формула 1 возач, роден на 11 јануари во Старнберг, Германија. Тој е син на професионални музичари. Течно зборува германски, шпански и англиски, и малку италијански. Адриан е близок пријател со Луис Хамилтон, како и со поранешниот Ф1 возач Нико Розберг.

Своите почетоци, како и многумина Ф1 возачи, ги имал во картингот. Од таму во 2002 почнал да се натпреварува во Swiss Formula Ford 1800, каде победил на сите 10 трки во сезоната. Исто така во истата година победил и на 5 трки Formula Masters Austria.

Во 2003 Адриан почнал да се натпреварува во Formula BMW ADAC шампионатот. Тој завршил на 6то место, но немал ниту една победа. Наредната сезона тој се натпреварувал во Formula 3 Euroseries со тимот на Colin Kolles. Иако победил на само две трки, соработката со Kolles ќе се покаже корисна во иднина. Тој се префрлил во тимот на АSM во последната трка во годината.

Сотил останал со ASM во 2005 и бил придружен од Британскиот возач Луис Хамилтон. Хамилтон победил на повеќе трки од Сотил, но Германецот бил веднаш зад Хамилтон и негова едниствена конкуренција во натпреварувањето.  Не ја завршил сезоната за овој тим, бидејќи се преселил во А1 Team Germany за да се натпреварува во A1 Gran Prix сериите. Тој возел за нив на сите 3 настани во Португалија, Австралија и Дубаи.

Цела 2006 тој ја поминал возејќи во Јапонија и го освоил All- Japan Formula Three Championship. Тој имал одличен перформанс цела сезона. Исто така завршил трет во Macau Formula Three Grand Prix и имал едно појавување на Јапонскиот Super GT.

Истата година, беше и годината кога тој влезе во Формула 1. Во јануари, тој стана тест возач за тимот на Мидланд, заедно со уште двајца возачи. Сотил бил 3 возач на тимот во Европското, Француското и Јапонското Гран При. Тимот во текот на сезоната беше купен од Spyker Cars. На крајот на годината тој беше промовиран во втор возач за сезоната 2007, потпишувајќи повеќегодишен договор со тимот на Спајкер.

Сутил ја заврши сезоната на 19-то место со само 1 освоен поен. Но, сепак, тој доби позитивни критики од многумина за неговото возење таа година. И покрај тоа што возеше со нај неконкурентната кола на годината, Германскиот дебитант импресионираше не само што доминираше над своите колеги од тимот и во квалификациите и во трките, туку ги предизвикуваше и другите возачи кои имаа далеку посупериорна опрема.

Во 2008, Сутил продолжил со истиот тим, кој сега имал друго име- Force India. Во Монако, тој бил на 4-тото место на 6 круга пред крајот. Тој не успеал да ја заврши трката бидејќи бил удрен од петтопласираниот Кими Раиконен. Во оваа сезона тој не освои ниту еден бод.

Во 2009 Сутил освоил 5 поени, и завршил на 17-то место во вкупниот пласман. Во оваа година Сутил ги забележа најдобрите резултати во кариерата. Во Италијанското Гран При тој беше втор во квалификациите, а во трката заврши четврт. Тој исто така го имаше најбрзиот круг на трката, што е прв негов, но и прв најбрз круг за тимот на Force India.

Во 2010, Сутил го обнови договорот со тимот на Force India. Оваа сезона беше најуспешна во неговата кариера. Тој заврши на 11-то место во вкупниот пласман, со освоени 47 бодови.

Тој и во оваа година остана со тимот на Force India. Доби и нов колега, Пол Ди Реста, DTM шампион. Во првите три трки тој имаше послаби резултати во квалификациите од Ди Реста. Во Австралија заврши 9-ти. Во Малезија 11ти, веднаш за Ди Реста. Во Монако тој го забележа најдобриот резултат во сезоната, за сега, завршувајќи седми. Тој не ја заврши трката во Канада. Моментално е 12 место, со освени 18 бода.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag