Во една мала област во Полска, постои шума со околу 400 борови дрвја кои растат со 90 степени накривување во основата на нивните стебла и сите се подеднакво искривени кон север. Опколени со шума од нормални борови дрвја, оваа „колекција“ на искривени дрвја или уште попозната како „Кривата шума“ е вистинска мистерија.
Засадени во околу 1930 – те години, дрвјата растеле нормално околу 7 до 10 години, кога била вмешана човечка, механичка интервенција. Зошто на тогашните одгледувачи на дрвја им биле потребни вака искривени дрвја, не е познато, но она што е познато е тоа дека оваа мала шума ќе ве воодушеви.