Една американска правничка се нашла во доста „леплива“ ситуација кога се обидела да направи полукружно свртување, па својот Лексус го паркирала во свеж бетон. Овој настан се случил вчера во 8.30ч наутро во Хјустон, Тексас и тоа пред очите на бројни очевидци.
Работниците на улицата не можеле да си поверуваат на очите кога виделе како правничката која ги игнорирала предупредувањата брзо влетала во тукушто поставениот бетон. Се работи за Лексус вреден 80.000 евра, а се заглавил во бетонот со сите четири тркала.
Полицајците повикале спасувачи да ѝ помогнат на жената да излезе од автомобилот, но таа упорно се противела со оправдување дека ако излезе, ќе си ги извалка чевлите. Излегла дури откако автомобилот бил извлечен од бетонот со помош на влечна служба.
One comment
viki velkovska
25 септември, 2011 at 22:17
hahaha bravo,priznavam ova samo zena moze da go napravi:D