Италијанката Елена Де Анџелис ќе биде запаметена како невестата со најдолгиот превез во историјата.
Имено, Елена на својата свадба во Неапол носеше превез долг речиси три километри.
Повеќе од шестотини гости мораа да и помогнат при носењето на белиот свилен превез, а илјадници луѓе ја следеа од страна, додека невестата одеше по италијанските улици.
Два метри широкиот превез е дизајниран од страна на Џани мол Кампанија и влезе во Гинисовата книга на рекорди.