Тина Ноулс, мајката на познатата пејачка Бијонсе е сопственичка на раскошен дом во Хјустон. Таа реши да го даде на продажба, а за него бара 3,5 милиони долари. Луксузната куќа во која до неодамна живееше и самата Бијонсе, се протега на 825 метри квадратни, има пет спални соби, пет големи и две мали бањи. Раскошен двор, мебел, предмети се исто така дел од оваа куќа, која Бијонсе наводно ја купила за 1,5 милиони долари и ја подарила на своите родители.
Ѕирнете во овој дом и проверете дали вреди 3,5 милиони долари!