Актерот Ал Пачино, кој во текот на својата кариера заработи околу милијарда долари, на државата и останал должен 190.000 долари. Тој изјавил дека тоа е само поради грешка на книговодителот Кени Стар, кој сега е во затвор заради проневера. Тој му дал отказ на Кени, и сега на негово место е поставен нов книговодител кој ќе даде се од себе за што поскоро да се реши проблемот со долгот кон државата.