Младиот боксер Вељко Ражнатовиќ неодамна стана татко, а секој слободен момент го поминува со својот син Жељко. Имено, Вељко реши да го однесе својот син во зоолошката градина, па го искористи убавиот и сончев ден и отиде таму со него. Нема сомнение дека уживале и добро се забавувале.












