“КОИ СЕ СЛОБОДНИТЕ ЅИДАРИ” 2-дел.

8 мај, 20110
01

Целата ситуација изгледа парадоксно, како може ваков сојуз на видни личности да се смета за опаснен таен сојуз. Но нив така ги гледаат само во оние земји и народи каде што владее авторитарен режим или таму каде што преовладува мислењето на Римската црква.

Авторитативните држави, диктатурите или теократите, како исламската, законите и човековите права ги одредуваат според своето сваќање.

Под ваков двоен притисок слободните ѕидари често биле приморани да бегаат и да се кријат .

Слободата на совеста, мислата, човековите права и практикување на демократскиот облик отсекогаш бил задача на слободните ѕидари, и тоа се нивните барања кои секогаш ги истакнувале.

На тој начин волно или неволно доаѓале до несогласување со големите моќници, кои авторитативно или догматски размислувале и постапувале. Поради тоа биле обвинувани дека го минираат престолот и црквата.

Хитлер и Мусолини мислеле дека масоните се дел од маѓународниот заговор заедно со Евреите и Болшевиците. Но сепак комунистите одма на почетокот на Руската револуцијата ги забраниле масонските здруженија.

Слободноѕидарскиот ритуал се потпира во делот на ликовите, случките и сликите на Стариот Завет, но тој е и основа на две светски религии. Евреите само за нив си формирале друштво на мажи: B’nai B’rith, додека во исламските земји и ден-денес е забрането слободното ѕидарство будејќи е спротивно на фундаменталистичките принципи.


Националистичките здруженија во поголемиот број на земји во светот ги обвинуваат масоните за ширење на космополитизам па дури и предавство на земјата, но тоа не било само во минатото, тоа се случува и денес.

Gebhard Leberecht von Blüche, генерал Gerhard von Scharnhorst, Hainrih Fridrih Karl vitez fon Štajn сите тие биле масони, но и творци на германската држава”. Поголемиот број на Италијански патриоти на пример како Garibaldi и други исто така биле масони.


Доволни се само неколку вакви примери да укажат дека сите тие осуди и клевети за слободните ѕидари се неточни и неаргументирани.

Секакви брзоплети судења и осуди за вакво значајно здружение би можело да доведе до погрешно сфаќање на истото. Затоа е важно да се навратиме на почетокот и историјата на создавање на масонството и да ги споменеме неговите обичаи. Целиот овој приказ ќе биде субјективен, бидејќи слободното ѕидарство не може да се објасни, тоа мора да се доживее.

Тоа живее во секој оној кој ќе пристапи во ложата и тоа што тој ќе го донесе во Братството: своето рамислување, мислите и чувствата.

Вредноста на еден слободен ѕидар произлегува од она што тој во својот живот врз основа на  масонските обичаи самиот направилод средбата на човекот со симболите, како тој го обликува својот живот. Gete тоа го има кратко опишано: да се размислува и да се направи. Така секој слободен ѕидар ќе има свое мислење во Братството, до кое доаѓа на свој субјективен начин.

Автор: Александар Гизе

Наскоро продолжуваме…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *