“Дејли Меил“: Бин Ладен сакал да го убие Обама во 2012

14 мај, 20110
BIN LADEN

Лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен планирал да го убие американскиот претседател Барак Обама на претседателските избори во САД во 2012 година, јавува британскиот дневник “Дејли Меил“, пренесува Нетпрес.

Бин Ладен бил опседнат со планот за убиство на Обама, за кој сметал дека ја сквернави муслиманската вера и не можел да поднесе да го гледа на телевизија.

Видео снимките пронајдени во куќата каде се криел Бин Ладен покажуваат дека лидерот на терористите го менувал телевизискиот канал секогаш кога на екранот ќе се појавел Обама.

Поранешниот функционер на Федералното истражно биро на САД Бред Герет изјавил дека лидерот на Ал Каеда бил луд, жесток и опседнат со убиството на претседателот на САД.

Бин Ладен исто така ја доживеал многу лично и американската воена кампања во Авганистан на Блискиот исток и копнеел за џихад против Западот, покажале информациите кои разузнавачите ги собрале од засолништето на Бин Ладен, од кое беа запленети 200 милиони податоци.

Американската централна разузнавачка агенција (ЦИА) навела дека во изминатите 10 дена нејзините разузнавачи дознале многу повеќе преку документите најдени во засолништето на Бин Ладен отколку во последните 10 години.

Бин Ладен, според изворите на ЦИА до последен миг подготвувал план за напад на Лос Анѓелес, Њујорк и Лондон, кои според размерите би ги надминале и нападите од 11 септември 2001 година.

Цел на тие напади, во кои би се уништиле авиони и возови, а билансот би бил илјадници жртви, била да се принудат западните сили да се повлечат од Блискиот исток, а тоа би можело да биде остварено само со напади од широки размери, верувал Бин Ладен.

Терористичките акции би биле изведени на некој важен ден за САД, како 10 годишнината од нападите на кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и Пентагон, или на Денот на независноста на САД.

Американските разузнавачи претходно веруваа дека Бин Ладен се крие во пештери во планинското подрачје на границата на Пакистан и Авганистан, но се покажа дека лидерот на Ал Каеда, кој 10 години беше во бегство, живел многу помирно и полесно од она што се веруваше.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi