10 Фасцинантни факти за телефонските броеви

14 јули, 20110
telephone

Веројатно вртиш неколку од нив секој ден, но дали некогаш си се запрашал за историјата позади телефонскиот број? Каде биле поставени првите телефонски броеви? Како одредена област го гобила кодот?
Овие прашања се одговорени во нашата колекција на 10 фасцинантни факти кои можеби не си ги знаел за обичните телефонски броеви.

1.   Како се измислени броевите
Во раните денови на телефонскиот сервис, ќе се јавите на оператор и ќе побарате одредена линија. Овој систем за прв пат беше под прашање ставен 1879 год од пријател на Alexander Graham Bell, Dr. Moses Greenly Parker од Lowell, MA. Градот бил под епидемија на сипаници и докторот разумно предложи дека ако телефонските оператори се разболат, нивните замени ќе се борат околу работата на системот. Броеви наместо линија беше подобра солуција, која како што знаете е систем кој сеуште се користи денес.

2. Првите кодови за области во САД
Зачетоците се во доцните четириесетти, сепак кодовите на областите не беа претставени се до претставувањето на 201 кодот на New Jersey во 1951 год. Кодовите за области кои ги користиме денес се еволуција на „Северно американскиот план за нумерирање“.

Во почетокот имало нешто под 90 кодови. Тие биле базирани на популација. Областите кои имале поголема популација имале кодови кои биле брзи за бирање на ротирачките телефони. New York му е даден кододт 212, Los Angeles 213 и Chicago 312, додека по-руралните средини како Texas и Kansas ги добиле 915 и 913.

3. Се е во итните броеви
Итните броеви се разликуваат од држава до држава. Додека 911 на крајот не беше усвоен да биде стандарден број во САД и Канада, во Европа треба да бирате 112, но сепак 999 исто така функционира во ОК каде има системза итни броеви уште од 1930 год.

911 не е официјален се до касните 60-ти години, кога за прв пат беше познат како „девет единаесет“ за да се промени во „девет еден еден“ кога на луѓето им беше заштедена конфузијата и времето да го бараат копчето со број единаесет.

4. Најскапиот телефонски број
Најскапиот телефонски број продаден беше мобилен телефонски број 666-6666, на добротворна аукција во Катар, каде беше продаден за онесвестувачки $2.7 милиони, далеку од претходниот рекорд, кој беше кинески број 8888-8888 продаден за $280.000.

5. Woz го поседуваше 888-8888
Легендата раскажува дека ко-основачот на Apple – Steve Wozniak (кој се залагал за повторување на броевите) некогаш бил сопственик на бројот 888-8888.

Единствениот проблем со таков кул број беше што добиваше преку сто непотребни јавувања на ден.

6. Измислените броеви се одвоени за филмови
„Klondlike“ или „KL“ телефонска размена во почетокот се употребуваат непостоечки броеви во американските ТВ серии и филмови. Ова покасно еволуираше во префиксот „555“, некои од нив ставени само за фиктивни цели. Во ОК 01632 е фиктивнен код за област препорачана од Ofcom, која исто овозможува не-работни предлози за големите градови, како и фиктивни телефонски мобилни броеви итн.


7. Сепак некои филмови ја игнорираат конвенцијата
Некои едноставно го занемаруваат тренндот на „555“. Universal Studios поседува (212) 664-7665, кој се појавува во неколку филмови. Ако го свртите овој број, само ќе ѕвони и ќе ѕвони. „Fight Club“ го користи кодот 288 кој сеуште не е во употреба, „Bruce Almighty“ предизвика контроверзија со користење на вистински телефонски број кој му припаѓа на Господ, итн.

8. Познати броеви во музиката
Постојат телефонски броеви кои се појавуваат во познати песни, можеби најпозната е песната на Glenn Miller „Pennsylvania 6-5000“. Денес бројот сеуште постои на (212) 736-5000 и ќе го добиете бројот на Hotel Pennsylvania од насловот на песната. Хотелот со насмевка ќе ви потврди дека е „Телефонски број во New York кој е во употреба најдолго време досега“.

9. Како да ги пронајдете своите лични телефонски зборови
Благодарејќи на сервиси како PhoneSpell, може да откриете кој било од понудата на телефонски броеви со интересни „телегонски зборови“. Внесете ги вашите броеви на страната, и таа ќе ви генерира листа на интересни комбинации. Ако сте со таа среќа, ќе ви овозможи да имате број со интересно име лесено за паметење.

10. На крај, магичен трик на средени броеви
Постои магичен трик на средени броеви со кој можете да ги импресионирате пријателите, благодарејќи и на математиката.

Земете еден број со седум цифри, на пример, 941-7990. Првите три цифри помножете ги со 80. Додадете еден. Помножете со 250. Додадете ги последните четири цифри од оригиналниот број. Додадете ги последните две цифри уште еднаш. Одземи 250 и подели со два.

Интересно, а?!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi