10 најбизарни алергии

19 април, 20110
skintestnew allergy test

Кикирики, пченица, мувла, во денешницата постојат огремен број работи на кои луѓето се алергични. Додека гореспоменатите се широко распространети и вообичаени, постоја ти оние кои се сосема нетипични за човек да е алергичен на нив. Еве листа од неколку такви:

Секс

Преосетливоста на семената течност е многу ретка состојба и предизвикува негативна реакција кај луѓето од спермата. Симптомите се осип, оток  и отежнато дишење. Во сето ова постојат и добри вести. Постои за оваа алергија терапија, користење кондом или поминување долго време во креветот за да се создаде толеранција на телото).

Вода

Иако водата е насекаде околу нас, сепак некои се алергилни на неа. Ова е ретка состојба каде водата на било која температура може да предизвика чешање и болен осип. Бидејќи за оваа состојба сеуште нема лек, туширањето и пливањето се забранети.

Чевли

Ова нема да им се допадне на поголемиот број жени, но некои луѓе се алергични на чевли. Воспаленија и испукана кожа се некои од симптомите кои ги предзивикуваат лепилата и разните материјали кои се користат за изработка на обувки, а потењето  може само да ја влоши состојбата. Таквите лица кои се алергични на чевли, мораат да носат чисто памучни чорапи за да се заштитат.

Вежбање

Иако звучи како добар изговор да се избегне физичка активност, оној кој пати од овој тип алергија ќе ви каже дека воопшто не е едноставно. Симптомите се осип, гастроинтестинални проблеми, до опасни по живот анафилаксии. Антихистамници и не вежбање се начините на лечење за оваа алергија.

Сонце

Оваа алергија е имунолошка реакција на сончевата светлина која се манифестира преку чешање, главоболки и малнини, можно е да предизвика пликови и поткожни крварења. Во најлошите случаи лицата не смеат да се изложуваат на сонце и мора секогаш да користат заштита.

Долен веш

Исто како и чевлите, долниот веш содрќи материјали кои предизувикуваат реакции. Латексот и гумите се најчести причинители на алергии, како и синтетичките материјали.

Технологија

Тешко е да се избегне технологијата, рамните тв екрани, мобилни телефони, интернетот, но постојат луѓе кои не им е дозволено да се приближат на овие уреди. Кај нив се јавуваат симптоми кога се наоѓаат близу електромагнетни полиња. Во нивните домови не смее да се користи мобилен телефон или микро печка.

Чоколадо

Некои неможат да го замислат животот без чоколадо, а некои пак мораат да живеат без неа. Симптомите на оваа алергија се главоболки, осипи, отежнато дишење.

Студ

Лицата кои се алергични на студ им се јавуваа осипи, кожата им црвенеее, ги фаќа несвестица. Не постои прецизен лек за оваа алергија, но има некои кои можат да ги намалат реакциите.

Сите намирници и пијалоци освен вода

Калеб Бусенчуд пати од ретка состојба која од што е ретка нема ни име за истата. Имено, ако тој внесе било што во организмот, освенвида, лед или специјална лимонада, му настануваат сериозни стомачни проблеми, повраѓања и стомачни чирови, поради кои често може да заврши во болница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit