10 најинтригантни изгубени градови – прв дел

9 август, 20110
mg 05

Војна, климатски услови или космичка интервенција… ништо не трае засекогаш. Истражуваме некои од најинтересните светски изгубени градови.

1. Скара Бреи (Skara Brae), Шкотска

Повеќе село отколку град, овие праисториски рушевини во Оркни (Orkney) претставуваат земјоделска населба стара преку 5.000 години. Откриена е 1850 год. откако две бури не ги „открило“ камените остатоци. Ископувањата (и нови бури) покажале дека селото имало најмалку осум камени колиби, заедно со креветите, огништата и полиците.

Ова неолитско село било населено во оквир на периодот 3.180-2.500 год. од старата ера а сега е под заштита на Унеско. Постаро е од Стоунхенџ и Големите пирамиди, го нарекуваат и „Шкотска Помпеја“ поради одличната зачуваност.

ЕРозија и понатаму му се заканува на ова место, а посетите во зима зависат од временските услови.

 

2. Вавилон, Ирак

Вавилон, населен околу 2.500 год. од старата ера, станува најголем центар на месопотамискиот свет 500 години покасно, кога Хамураби, првиот крал на Вавилонското кралство, го има прогласено за своја престолнина.

Асирците го имаат уништено во 6 век од старата ера, а после смртта на Александар Велики (2 век од старата ера) сосема е напуштен.Рушевините на Вавилон ја доловуваат сликата на библиското минато: големи вавилонски кули, дрвени висечки градини…

Само најсмелите туристи денеска ги посетуваат остатоците на славниот град, 85км јужно од Багдад. Бабел турс организира прошетки со придружба.

 

3. Таксила, Пакистан

Основан во 7 век од старата ера, Таксила е приказна за три изгубени града. Првиот е изграден на ридот, за да покасно стане познат под името Bhir Mound.

Во големата конфузија која следи и политичките интриги достојни на Стариот Завет, тој град изгубил од нова Таксила, позната како Sirkap, која ја изградиле хеленските освојувачи. Во тој период бил значаен центар на филозофијата и уметноста, што продолжило и кога бил освоен од Кушаните и го преименувале во Sirsuk.

Во 6 век бил покорен од Хуните и потполно уништен.

Денес можете да го посетите локалитетот, околу 30км северо-западно од Исламабад. Музејот во Таксили ги чува најзначајните врсти на експонати кои ќе ви помогнат да стекнете претстава во сложената историја на овој некогаш величествен град.

Најдобро е да се отиде во Март или Ноември, за да ги избегнете ладната зима и врелината на летото и есента.

 

4.  Данвич (Dunwich, Англија

Овој град се капел во слава, бил главно пристаниште и еден од најголемите градови во средновековна Британија; се раскажува дека бил главен град на Источна Англија – но целиот е сограден на песок.

Кон крајот на 13 век бура го има срушено добар дел од градот. Приморските ерозии го направиле своето и скоро целото место потонало во океанот.

Денес можете да слушнете приказни за проклетата плажа, а за време на осека се слушаат црковните звона под брановите.

Гратскиот музеј поседува реплика на градот од неговите најубави денови.

 

5. Паленке (Palenque), Мексико

Во поножјето на планината Чијапас во југо-западно Мексико, Паленке е вистинска археолошка ризница.

Градот изгледа настанал уште во 100 год. во старата ера. Пет векови покасно станал главен центар на цивилизацијата на Маите, со сите пропратни митови и легенди од малолетни кралеви, инвазии и дворски интриги до конечно напуштање на градот.

Паленке има клима како во џунгла, па така и треба да се припремите – земете крема за сончање, сретство против комарци и многу вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma