10 најлуди научници на сите времиња – втор дел

19 јули, 20110
naslovna1

3. Јозеф Менгеле –  нацистичкиот лекар наречен “Ангелот на смртта“ – (1911 – 1979) – германскиот офицер и доктор во нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц. Тој стана озлогласен како докторот кој го надгледувал пристигнувањето на транспортираните затвореници во логорот, тој одредувал кој од нив ќе биде убиен, а врз кого ќе бидат правени експерименти, па така тој го добил и името Ангелот на смртта. По војната тој стана еден од најпознатите и најбараните нацистички воени злосторници.

Има многу примери од неговото сурово однесување за време на неговиот 21 месечен престој во Аушвиц, на пример како следниов, се вели дека тој цртал линии на ѕидовите во блоковите кај децата од 150 до 156 сантиметри висина од подот, а оние деца кои неможеле да допрат со главите до линиите биле испраѓани во гасни комори.

Експериментите на Менгеле, исто така се состоеле од неговите обиди да промени боја на очи кај луѓето, со што тој инјектирал хемикалии во очите на луѓето и децата, вршел разни ампутации и други брутални хируршки зафати.

Вршел експерименти на девојчиња како оние за стерилизација и шок третмани, а повеќето од децата умирале или за време на експериментот или подоцна од разни инфекции. Тој брутално убивал близнаци, ги сечел на делови, а потоа секој ден систематски и прецизно ги истражувал. Во Аушвиц тој направил голем број студии за деца близнаци. По  секој експеримент близнаците потоа се убивале, а нивните тела продолжувале да се анализираат. Тој надгледувал една операција на две деца роми, кои биле сошиени едно со друго за да се создадат близнаци, но рацете на децата биле многу лошо расечени со што брзо се инфицирале, а тоа предизвикало гангрена и смрт кај децата.

По војната тој беше долго време баран, а се имал криено во различни држави и континенти. И покрај големите меѓународни напори да се пронајде Менгеле, тој никогаш не беше уапсен и живеел 35 години криејќи се под различни имиња и псевдоними. Тој живеел во Парагвај, потоа Бразил, се до неговата смрт во 1979 година. Едно попладне, додека живеел во Бразил тој заминал на пливање. Додека бил во океанот тој доживеал мозочен удар и почнал да се дави, а кога бил извлечен до брегот веќе бил мртов.

Луѓето не дознале за смртта на Менгеле се до средината на 1980-тите, кога ловците на нацисти го откриле гробот со име “Wolfgang Gerhard” во Embu. Дури во 1992 година по извлекувањето на ДНК од коските и направените анализи и тестови на примероците од крвта на неговиот син и сопруга се потврдила мистеријата. Остатоците се на Јозеф Менгеле.

 

4. Јохан Конрад Дипел – “Оригиналниот Франкенштајн“ – (1673 – 1734) – германски теолог, алхемичар и лекар. Роден во дворецот на Франкенштајн во близина на Darmstadt. Студирал теологија, филозофија и алхемија на Универзитетот во Giessen. Има објавено многу теолошки дела под името Christianus Democritus, а повеќето од нив се уште се зачувани. Тој водел авантуристички живот, често влегувал во проблеми, поради неговото мислење и проблеми со управувањето со пари. Тој еднаш бил притворен и за еретичко однесување. Тој создал животинско масло познато како Dippel’s Oil кое требало да биде еквивалент на сонот на алхемичарите за “елексир на животот“. Во 1704 во Берлин, тој и производителот  Heinrich Diesbach го користеле ова масло  наместо калиум карбонат за да произведат црвени бои. За нивно изненадување тие добиле сина боја, “Berliner Blau” исто така нарекувана “Preussisch Blau” или “Prussian blue”. Заедно тие двајца основале фабрика во Париз.

Постојат тврдења дека за време на неговиот престој во замокот на Франкенштајн тој практикувал алхемија и анатомија. Тој, наводно работел со нитроглицерин, поради што дошло до уништување на кулата од замокот. Не се потврдени овие тврдења, повеќе се сметаат како модерен мит, бидејќи нитроглицеринот не бил откриен во времето на Dippel. Иако неговиот живот во замокот е добро документиран, уништувањето на кулата и причината за истото никаде не се наведени.

Други гласини за Dippel се дека тој правел експерименти со мртовци, обидувајќи се да ја пренесе душата од еден во друг труп. Исто така нема докази дека тој бил истеран од градот, кога жителите дознале за неговите активности и експерименти.

Тој починал во Витгенштајн замокот во близина на Bad Laasphe, најверојатно од мозочен удар, иако некои современици се сомневале дека бил отруен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *