10 Нерешени мистерии на Вселената – прв дел

29 јули, 20110
IDL TIFF file

Мистериите на вселената се една од најфасцинантните теми за проучување. Вселената е граница која неможеме да ја поминеме, а можеби и никогаш нема да се случи тоа. „Што се случува таму?“, „Зошто се случува?“ и „Како?“ се основните прашања, но сепак тие сеуште чекаат да бидат одговорени. Во меѓувреме, ја храниме нашата љубопитност со се што научниците можат да откријат до сега и да земеме здраво за готово било која теорија која некој паметен ја смислил. На нашето ниво на знаење и разбирање, вселената во својата целовитост е галактичка тајна. Луѓето сеуште не успеале да го објаснат животот на земјата добро, така да мали се шансите да откријат како вселената всушност функционира во догледно време. Научниците имаат сепак некои одговори на големите мистерии на вселената. Ви ги презентираме:

10. Црните дупки

Откако се сметаше за SCI-FI концепт многу децении, научниците сите денес веруваат во постоењето на црни дупки.Тие се, според дефиниција, региони во вселената од кои дури и светлината бега. Црна дупка би требало да ја абсорбира сета светлина која е на таа површина без ништо да рефлектира. Наводно, тие се формираат кога многу тешки планети се рушат во супернова на крајот од нивниот животен циклус. Откако е формирана, црната дупка ќе продолши да расте со абсорбирање на материја од околината. Исто така научниците веруваат дека црните дупки постојат во центарот на најголем број од галаксиите. На тоа, нашиот сопствен Млечен Пат (Milky Way) се верува дека е засолниште на огромни 4 милиони соларни маси (маса – стандардна единица во астрономијата) црна дупка. Некогаш една од мистериите во вселената, црните дупки денес генерално се прифатени и признаени како постоење на феноменот кој се појавува во последните години. Како и да е, за сите нас несвесни, ова останува само како чуден и интересен феномен.

 

9. Крајот на Вселената

Ако вселената заврши, и како тоа ќе се случи останува едно од прашањата кои луѓето ќе се прашуваат само за да се прашуват, иако сега би било невозможно да се најде одговор на тоа. Сепак, човекот е тврдоглав: неколку теории се креирани, како на пример една која тврди дека вселената ќе продолжи да се шири до точка каде целата материја ќе стане како тенок прав. Друга теорија ја подржува идејата дека вселената едноставно ќе успори и ќе се врати во единствена точка, која повторно може да се распали во нов Биг Бенг. И на крајот, некои луѓе веруваат дека барионите и протоните, делови од кои е креирана материјата едноставно ќе се срушат (како што се случува и со други делчиња) и ако ова се случи, тогаш вселената едноставно ќе престане да постои.

 

8. Време

Времето е можеби најголемата мистерија од сите мистерии во вселената. Ова е затоа што, и покрај тоа што ни е познато од самите почетоци на нашиот вид, сепак сеуште не сме во состојба да го дефинираме на вистински начин на кој сите би биле задоволни на полето на науката. Прашањето дали времето воопшто постои и дали може да се мери е покренато и сеуште неодговорено.

 

7. Темната материја и темната енергија

Изгледа дека постои огромна количина на материја која луѓето не се во состојба да ја перцепираат. Ова е утврдено со помош на модерната технологија и високо-технички инструменти кои покажуваат дека можеме да перцепираме само околу 4% од постоечката материја. Остатокот е таканаречена „темна“ материја, која отанува невидлива со голо човечко око затоа што ниту емитува ниту распрснува светлина, како што самото име кажува. Според некои студии, темната материја претставува 83% од вселената, додека она што го нарекуваме нормална материја е околу 17%. И покрај овие броеви, и покран претпоставеното значење, не сме способни да најдеме доказ за нејзиното постоење. Во придружба на темната материја е темната енергија која има можност да ја зголеми стапката на ширење на вселената. Постоењето од овој вид енергија би ги објаснило неодамнешните обсервации на ширење на Вселената со забрзана стапка.

 

6. Мултиверзија (Мултивселена)

„Мултиверзија“ (мултивселена) е термин креиран во 1895 година од страна на американскиот филозоф William James и претставува склоп на повеќе вселени, исто така познати како паралелни вселени. Оваа теорија кажува за постоење на повеќе од една вселена на исто место и во исто време, но без интеракција, освен во некои посебни ситуации. Сепак, нема доказ за постоење на такви пронајдени светови, така да се останува прашање на верување и можност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi