10 работи за кои незнаевте дека се од Германија

1 август, 20110

10. Прстен врзиво – сигурно еднаш неделно доаѓате во контакт со овој предмет, кој бил измислен во Бон, Германија

 

9. Кршач на ореви – започнала како мала индустрија во руралните делови на Германија.

 

8. Адвенстистички календар – потеклото на Божиќната традиција доаѓа од германските лутеранци, уште на почетокот од 19 век.

 

7. Божиќното дрво, елка – украсувањето на божиќно дрво датира уште од 16 век. Иако било документирано дека тоа прв пат се случило во Естонија и Латвија во 15 век, сепак германците се тие кои први ја започнале традицијата на украсување.

 

6. Велигденскиот зајак – тој се појавил прв пат во 16 век во Германија.

 

5. Гумени бомбони мечиња – сигурно сте мислеле дека ова е американски производ, но тие биле измислено во 1920-тите од Hans Riegel, кога започнал со компанијата Харибо.

 

4. Се што прави Дизни – од бајките на Грим, Пепелашка, Заспаната убавица, Снежана, до градењето замоци, делата на Дизни во голема мера се потпираат на германско влијание.

 

3. Состојки за американски пикник – сите состојки што се потребни за еден пикник имаат германски корени. Виршлата за во хот дог (Франкфуртер: колбаси од свинско месо) , потекнува од Германија од 13 век.  Кечапот кој е развиен од Хајнц, мајонезот од страна на Хелман, а и двајцата биле германски имигранти.

 

2. Сијалица – Heinrich Göbel е заслужен за развивање на сијалицата 25 години пред Томас Едисон да му светне таа идеја. Но една работа заборавил Heinrich Göbel да направи, а тоа е да го патентира својот изум.

 

1. Трајна фризура – германскиот фризер Чарлс Неслер ја измислил раната верзија на трајната фризура. Тој користел мешавина од урина од крава и вода, за да се постигне ефект на виткана коса. Пред да дојде до вистинскиот микс или мешавина на хемиски состојки, тој правел пробни тестови на косата на својата сопруга.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi