10 смешни начини како да си „играте“ со бои! :)

29 август, 20110
beautiful-Home-Wall-Decor-1

Се што стои меѓу вас и прекрасно уреден дом е малку свежа боја, тапет или малку оригиналност и креативност.

1. Полици за книги – за перфектна полица за книги исфарбајте се бело, освен заднитепанели кои можете во боја на цигла или пак жолтата боја на сенф ќе добиете неверојатен изглед, покрај книгите додадете на полиците и некој орманет или омилен предмет.


2. Необична вазна – ова е предмет кој мора да го има секој дом, исто како и природното свежо цвеќе.


3. За добар сон – нема подобро место од вашата спална соба каде би можеле да искористите тапет или пак со помош на шаблони да ставите омилени декорации. Бојата внимателно одберете ја и според тоа колку природна светлина има во спалната соба.


4. Старо – ново – дури и стара комода или витрина има потенцијал да стане нешто префинето. Дотерајте ја со појака боја и со висок сјај. Внимателно одберете ја бојата доколку станува збор за поголема витрина или комода, бидејќи така таа ќе ја диктира и шемата на бои за се останато во просторијата.

5. За подот – доколку сакате најлесно да ја преуредите дневната, доволно е само да изберете правилен тепих. Бојата на подот во голема мера дава една посебна енергија и секогаш ја загрева просторијата. Ако не сакате да ги фарбате комодите, витрините, тогаш изберете уникатен тепих.


6.  Нека свети – претворете ја вашата бања во мала скапоцена кутија за накит. Испакнати ѕидови, под, исти сенки, додадете цвеќиња и миризливи свеќи. Меѓу боите одберете топла розова. Цитрон жолта, светло зелена, сина или светла нијанса на портокалова. Избегнувајте високо сјајна боја.


7. На ѕидот– сакате поп арт, а немате такво уметничко дело на вашиот ѕид. Еве еден паметен предлог. Изберете шарено парче ткаенина, со впечатлив принт,  по можност големо и врамете го во едноставна дрвена рамка.


8. Ламба – исто така еден детал кој  мора да го имате е уникатна ламба. Овој предмет се употребува во секоја соба, но за дневната изберете некоја поуникатна.


9. Големото отварање – жив тон, особено оној различен од ѕидните украси и ѕидовите можете да употребите на вратата од вашата кујна.


10. Соба за деца – големи линии од различни бои навистина ќе ја разигра стерилната бела детска соба. Наместо конвенционалното, ленти на ѕидови во две бои, обидете се со портокалова, жолта, темно сина и тенки линии на црна боја. Собата ќе даде одличен графички изглед, а ќе одговара на секое дете  без разлика дали станува збор за момче или девојче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma