10-те најчудни коинциденции

24 јуни, 20110
titanic_1

Сте имале ситуација кога ќе помислите на некој и тој истиот ви се јавува или ќе помилсите на песна и ќе ја слушнете на радио? Коинциденција? Се случуваат понекогаш, но што ќе кажете на оваа топ листа на неверојатни коинциденции:

10. Двајца браќа од Финска

Во 2002 година двајца близнаци од Финска биле удрени од камиони во ист ден и тоа и двајцата возејќи велосипед на снежна бура. Раздалеченоста на двете несреќи била на 1 километар на истот пат во временски период од два часа. Вториот  брат немал никаква информација за смртта на првиот. Имаме слушнато за многу чудни коинциденции меѓу идентични близнаци, па зошто да не биде и смрт во ист ден на ист начин на ист пат?

9 Kennedy-Lincoln

На двајцата Американски претседатели судбината им поделила повеќе слични животни искуства а не само титула. Двајцата биле избрани за претседатели во временска разлика од 100 години (Lincoln 1860, Kennedy 1960); Двајцата биле наследени од политичари со презиме Џонсон, (Andrew 1808, Lyndon 1908) ; двајцата убијци биле разлика во години точно 100 години (Booth in 1839 and Oswald in 1939); двајцата умираат пред да им се суди. Убиството на Линколн е во театар, а неговиот убиец е фатен во складиште, додека  Кенеди е убиен од складиште ,а Освалд е фатен во театар. Татарот во кој е убиен се викал Форд Театар, погодете како се викала колата во која е убиен Кенеди? Не само Форд туку Форд Линколн. И на сè тоа Кенеди имал секретар со име Линколн, а неговиот претходник секретар со презиме Кенеди.

8  Гаврило Принцип и Војводата Франц Фердинанд

20 годишниот Босанец Гаврило Принцип не можел ни да претпостави колку голема промена ќе направи неговото убиство на Австро Унгарскиот Војвода Франц Фердинанд и неговата жена Софи во 1914 година. Атентатот се искористува како старт на крвавата Прва Светска Војна. Интересен факт е дека  Принцип кој припаѓал на група заговарачи да го убијат Војводата, не успеале претходно во обид со бомба. Понесен од глад тој отишол да купи за јадење во локална кафеана која се наоѓала на улицата во која возачот на војводата влегол по грешка, правејќи ги лесна цел Војводата и сопругата за брзиот Принцип кој пукал во нив. Сето тоа заради грешка на шоферот и големиот апетит на Гаврило.

7 Двојно Убиство -157 години потоа

Две жени Barbara Forrest и Mary Ashford  биле жртви на убистов на сличен начин во малото село Erdington. И двете биле 20 години – имале ист роденден- биле силувани и задавени, телата им биле пронајдени на ист ден 27,05 но 175 години разлика, 1817 и 1974. Уште позачудувачки  е што и двете биле на посета на приајтели со нови фустани и со желба за танцување (каде најверојатно ги сретнале своите убијци). Уште поневеројатно е тоа што луѓето осомничени за двете убиства се викале Тортон. Реинкарнација??? Коинциденција???

6 Booth и Lincoln

Само не Џон и Абрахам. Само неколку месеци пред Боотх да го убие претседателот во Форд Театарот, синот на претседателот чекајќи воз во Џерзи се сопнал и паднал на шините, пред да се случи трагедија некој го кренал, кога се свртел да му заблагодари на спасувачот сфатил дека е познатиот актер Edwin Booth, кој бил брат на John Wilkes идниот убиец на неговиот татко.

5 Сагата за Mark Chapmans

Декември 1980 година беше убиен легендарниот Џон Ленон пред Дакота Апратман Комплекс во Њу Јорк, од страна на шизофреничар по име Mark Chapmans. 5 години подоцна целиот свет пати за својот идол и NBC сжпочнуваат со снимање ан биграфски филм за Ленон, Џон и Јоко: Љубовна стоија. По долг избор на актери студиот му ја доделува улогата на Ленон на непознат актер, кој верувале или не се виакл Mark Chapmans. Сепак Холивуд има брз начин на решавање на вакви моменти – менувајќи го актерот.

4 Смртта на претседателите Џеферсон и Адамс

И двајцата претседатели биле особено важни за Декларацијата за Независност, која била потпишана на 4.07.1776. Интересно е што и двајцата умреле на ист ден и тоа на 4.07.1826.

3 Крстозбор ги одава кодовите за инвазија на Д денот

Во Мај 1944 Leonard Dawes, кој составувал крстозбори за весникот London’s Daily Telegraph преку 20 години сложува крстозборка во која биле вклучени и двете плажи Ута и Омаха и други тајни кодови и места кои само луѓето на генерлот Eisenhower. Иако бил обвинет како германски агент, сепак се испоставило дека зборовите биле случајно составени.

2Титаник –Титан

Во 1898 година британскиот автор пишува книга  Futility, or the Wreck of the Titan, во која го опишува патувањето на луксузниот брод Титан кој удира во санта лед на Северен Антлантик и потонува. Додека е тоа само фикција по 14 години ваквата судбина му се случува на Титаник на огромниот и луксузен брод. Eдиснтвена разлика меѓу приказната и вистинската трагедија е тоа што Титан тоне брзо а Титаник споро потонал во окенските води.

1 Lee Harvey Oswald бил вработен во школо во Тексас како депозитар за учебници

Може да има буквално илјадници кои во секој даден момент, би сакале да го убијат претседателот на САД. Од нив, само мал дел, всушност, имаат средства за да го сторат тоа (учат да ракуваат со огнено оружје или експлозиви и сл.) И од овие, речиси ниту еден некогаш нема да биде во  можност да го стори тоа. Ова е тоа што го прави случајот Освалд толку извонреден, имајте во предвид дека се работи за поранешен маринец снајперист со марксистичката наклонетост и желбата да се направи себеси познат по убиството на светски лидер, кој купува моќна пушка преку пошта за петнаесет долари, а потоа некако добива работа во едно место каде претседателската поворка ќе помине само на педесет метри, само еден месец однапред. Мошне значајни случајности, што му обезбедиле на Освалд, кој веќе имал средства и мотиви, можност да го изврши едно од најпознатите злосторства во историјата, кое останува контроверзно до ден денешен. Што ако тој не добил работа во зградата на  Депозитарот за учебници на 16 октомври, 1963 година? Невозможно е да се каже со сигурност, но факт е дека дека немало да има толку добра шанса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi