Мел Гибсон ми е само пријател
24 јуни, 20110

Гркинката Стела Моузи ги демантирала медиумите за тоа дека е нова девојка на Мел Гибсон. Со проблематичниот актер кој последниве неколку месеци ги преполови медиумите со веста за прекинот на врската со Оксана, Стела во текот на овој месец е видена во неколку наврати, но таа тврди дека со Гибсон се само пријатели. “Пред неколку месеци дојдов во САД од Грција и се изненадив од нивното гостопримство. Запознав многу пријатели, вклучувајќи го и Мел Гибсон. Со Мел ме поврзува само пријателството, не сме заедно”, изјавила Стела.