Кој вели дека глумците не се паметни, меѓу нив има и порно актерка

17 мај, 20110
JamesWoods

Иако има многу предрасуди околу интелегенцијата на познатите личности од шоу-бизнисот, сепак и кај нив постои голем број на многу интелигентни луѓе. За Квентин Тарантино се вели дека на 6 години го напуштил училиштето, но тоа не го спречило да режира некои од култните филмови на денешницата. Тарантино тврди дека неговиот IQ е 160, иако тоа никогаш не е официјално потврдено. Лиса Кудроу се прослави во улогата на Фиби во серијата “Пријатели”, за нејзе може да се каже дека е многу интелигентна. Таа по завршувањето на колеџот осум години работела на медицински истражувања, но потоа сфатила дека актерството е нејзиниот вистински предизвик .

Актерката Натали Портман станала славна уште на 11 години, и успеала да дипломира психологија на престижниот универзитет Харвард. Портман течно говори повеќе јазици, а нејзините трудови се објавени во стручни списанија.

Порно актерката Азија Карера била чудо од дете, на свои 13 години таа има настапувано на голем број концерти на класична музика. Но сепак во животот избрала да се занимава со порнографија, и покрај фактот што таа има коефициент на интелигенција 156. Стив Мартин е активен член на Менса и има дипломирано филозофија. Џина Дејвис има докторирано на Универзитетот “Бејтс”. Таа свири повеќе инструменти и течно зборува Шведски.

Џоди Фостер има коефициент на интелигенција 132. Дипломирала литературата на Јеил. Долф Лундгрен има завршено хемиски инженеринг во Сиднеј, и има коефициент на интелигенција 160. Шерон Стоун има IQ 154 и е еден од најистакнатите членови на Менса. Актерот Џејмс Вудс е популарен во многу филмови, но тешко некој знае дека може да биде најинтелигентниот човек на светот. Има коефициент на интелигенција повисок од 180, се занимава со глума бидејќи тоа го прави среќен, изјавил актерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi