30 Секунди со Моника Селеш

28 јуни, 20110
naslovnamonika

Моника Селеш, поранешен светски првак во тенис има освоено 53 титули во кариерата и бронзен медал на Олимпијадата во Сиднеј во 2000-та година. Таа официјално се пезнионираше во 2008 година, пет години по последниот натпревар. Селеш беше во Менхетен, минатиот понеделник заради почетокот на Вимблдон.

Што правиш откако си во пензија?

Се трудам да сум зафатена. Напишав книга пред две години наречена “ Getting a Grip: On My Body, My Mind, My Self ”. Исто така направив многу тениски клиники за деца, а сега го пишувам мојот прв роман со привремен наслов ‘The Academy,’ кој треба да излезе следната година. Станува збор за измислени спортови, а јас ги следам и животот на луѓето кои се дел од нив.

Како би се карактеризирала како играч?

Јас бев една од првите жени играчи кои агресивно играат тенис. Во секоја моја удрена топка имам вложено многу енергија.

За време на играта многу викате. Дали тоа ви помага?

Никогаш не мислев дека тоа е некоја голема работа. Многу играчи денес го прават тоа. Тоа ви доаѓа природно, и мислам дека е во ред. Добив многу подршка за моите извици во натпреварот од 1992 година, кога победи Мартина Хингис. Никогаш пред тоа не се кажа ни збор за моето грофтање, но откако станав број еден во светот, тогаш стана проблем.

 

Какво е чувството да се постигне број 1 на светската ранг листа?

Тоа не е толку “ wow “ за мене. Мислам беше убаво зошто значи дека бев најдобра во мојот спорт, но следниот ден кога ќе се разбудиш треба да го браниш тоа. Но, за мене она што секогаш ми даваше најголемо задоволство беше Grand Slam титулите.

 

На 19 годишна возраст, во 1993 година, бевте избодена со нож во грбот за време на турнирот во Хамбург, Германија. Дали тоа имаше долготрајно влијание врз вас и дали тоа го промени вашиот поглед на животот?

Мислам дека го сменив погледот на многу работи затоа што сфатив дека се може да ви биде одземено во еден ден. Бев многу горда што по тој инцидент повторно се вратив и имав голема кариера. По девет години од прободувањето, јас имав 13 кг повеќе, или 20 кг повеќе од она што сум денес. Јадев многу, на емотивна база. Јадев многу слатки и морав да научам да го правам тоа умерено.

 

Кој те потсетува најмногу на Моника Селеш од денешните играчи?

Има една девојка од Франција по име Марион Бартоли, која е агресивен играч, како што бев јас. Таа има уникатен стил, во кој таа ги користи двете раце во нејзиниот форхенд и бекхенд. Исто така и Серена Вилијамс. Таа има голема ментална цврстина и е многу фокусирана со нејзиниот ум за време на играта, и јас бев многу слична на тоа.

Кои беа твоите идоли?

Растејќи, немав  можност да присуствувам на многу натпревари, но бев на оние на Мартина Навратилова и Крис Еверт. Навистина им се восхитував. Во тие денови немаше интернет, па јас немав можност да видам многу натпревари. Морав да го гледам финалето на Францускиот Опен Вимблдон. Тогаш имав 10 години и не знаев дека околу 120 играчи на Вимблдон изиграа нерешено. Си мислев, па треба да победат Мартина и Криси, тоа треба да биде лесно.

Кои жени имаат најдобри шанси на Вимблдон оваа година?

Мислам дека требада се ја погледнете  Марија Шарапова, нејзината висина и моќните потези. Таа одигра толку добро на Францускиот Опен, и тревата е нејзината омилена површина. Исто така и Серена Вилијамс. Иако таа оддамна нема играно турнири, сепак е актуелен шампион, се поикажа и во минатото кога победи на Австралија Опен. И се разбира Венус Вилијамс, која го освои Вимблдон безброј пати. Тие три ќе бидат моите омилени. Но, веројатно ќе се појави некој кој ќе не изненади како и секогаш. Некој кој не е под притисок, и ќе игра тивко во текот на првата недела, а потоа ќе го забрзаат чекорот.

Еднаш имаше учество на “Танц на ѕвездите “. Какво беше искуството?

За мене тоа беше големо искуство. Никогаш порано во животот не сум играла и имав само три и пол недели да научам. До крајот на третата недела мојот партнер ми рече: Вие навистина имате две леви нозе и потполно немате слух. Тоа е вистина, но беше многу возбудливо, и ќе го сторам тоа повторно, бидејќи беше голем предизвик.

 

Кажете нешто за себе, а никој не го знае

Бев многу бучна додека играв тенис, уште кога почнав на седум години. Сите мислеа дека почнав во полуфиналето со Мартина, што не е точно.

Кои се вашите хобија и интереси, надвор од тенисот?

Сакам да пливам, да играм кошарка, и навистина многу животни. Работам добротворна работа за животните. Сеуште играм тенис, но само за забава.

Извор: линк

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi