
Ова е човекот кој дефинитивно не се плаши од височини, а и не се плаши да го покаже тоа. Израелскиот илузионист и човек кој настапува со разни перформанси на издржливост Hezi Dean, вчера наутро бил издигнат со кран на врвот на една кула, со цел да седи таму на 27 метри висина и повеќе од 35 часа, на Рабин плоштадот во Тел Авив, Израел. Тој го започнал својот настан вчера наутро во обид да го скрши рекордот на американецот David Blaine. Американецот Blaine стоел на кула во Брајан паркот во Њујорк во 2002 година 35 часа, но на помала висина. Израелецот треба да издржи на 27 метри висина, без храна 35 часа, за да може да го сруши рекордот.