Најскапите кукли во светот

22 јуни, 20110
kukli

1.  L’oiseleur (Припитомувачот на птици) – 6,250,000$
е механичка кукла на навивање висока 1 м облечена во прекрасна ренесансна облека рачно изработена и на флејта ја свири „Маршот на розите“, притоа навистина како прав музичар мрдајќи ги прстите. Во исто време е придружуван со песна од  две птички.

2. Madame Alexander’s Eloise – $ 5,000,000
Ова е серија од 5 кукли и секоја поединечно ја достигнува наведената сума. На прв поглед едноставна, секојдневна кукла, но облечена со оригинални дизајнерски парчиња: накит со 9 каратни дијаманти, дизајн на Хари Вилсон, Оскар де ла Рента со скапоцено крзно, облека дизајнирана од Кристијан Диор, за модните додатоци со Сваровски кристали задолжена била Кетрин Бауман и т.н.

3. Дијамантска Барби – $ 300,000- 500.000
Куклата дизајнирана од Стефано Кантури, која на вратот носи едно каратен розев дијамант и прекрасен вечерен фустан е најскапата од серијата Барби. Останатите топ Барби носат секоја по некое вредно, скапоцено парче, па соодветно на тоа ја достигнуваат својата цена. Соблечени, сите Барби чинат исто.

4. Г.И.Џо – $200,000
1970 год., кога прв пат беше направена оваа кукла, никој не се надеваше дека ќе постигне толку голем успех и интерес кај малите момчиња како и кај возрасните мажи. Ова е првата и најскапо продадена кукла од серијата од 4 кукли „Американски војник“. Може да се каже дека е „татко“ на сите подоцнежни машки кукли. Г.И.Џо денес е во сопственост на приватен колекционер.


5. Кестнеровата Хилда -$8.000
Славата на оваа порцеланска кукла се должи на нејзиниот произведувач Кестнер. Направена е 1914 год и има природни, човечки заби и коса, а облеката е рачно правена. Иако е толку стара, сеуште е во одлична состојба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi