Ајлајнери во боја се во мода

popara22 јуни, 20111min00
ajlajneri se vo moda

Шминкерите често ги користат ајлајнерите во различни стилови на шминка, најмногу бидејки нудат многу можности за експериментирање и оглично ги истакнуваат очите. Ова лето апсолутен хит се ајлајнери во различни бои. Познатите сведски компании за ова лето нудат нијанси од зелена, сина, виолетова, кафеава, розева….

Препорачуваме

Ајлајнерите во боја највеќе одговараат на модни трендовите во диско стил, кои креаторите ги предлагаат за оваа сезона.Новата генерација ајлајнери се разликува од досегашните по светкавата текстура, лесно се нанесуваат и се водоотпорни. Можат да се користат и како сенка, бидејки многу лесно се размачкуваат.

Како се нанесуваат?

Шмикерите не препорачуваат срстроги правила, бидејки овие ајлајнери нудат многу повеке можности од оние во црна боја. Може да ги носите  преку ден и навечер, се вклопуваат со сите нијанси кои се актуелни оваа сезона. Еве и неколку предлози кои може да ги искористите во различки пригоди.

  • Полесно да го нанесете ајлајнерот прво врз капакот на очите обележете точки (ова направете го со моливче за очи) па преку нив повлечете линија. Секогаш се нанесува од внатрешниот дел на окото кон крајот
  • За класичен изгед доволно е да изберете една боја ајлајнер и да го нанесете покрај долниот и горниот капак на окото. Притоа да се вномава да се ускладат останатите бои од шминката.
  • Ако сакате со својата шминка да привлечете внимание треба да изберете поинтензивен стил на шмикање. Нанесете ајлајнер на горниот капак, па размачкајте го со прст. Потоа блиску до трепките  ненесете тенка линија од истиот ајлајнер. На крајот ставете и малку црна маскара..
  • За оние кои сакаат уште повпечатлив изглед – повлечете линија со средна дебелина до средина на капакот, а потоа во друга боја продолжете ја линијата и малку искосете ја нагоре.

 

  • Можете да користите ајлајнери во различни бои, едниот нанесете го на горниот а другиот на долниот капак. Дозволено е дури да се комбинираат и три бои, а посебно убаво стојат во комбинации созлано и сребрено. Притоа треба да чекате додека првата боја се исуши пред да ја нанесете втората.
Светкави ајлајнери
Со летните бои во шминката, како и со диско стилот, совршено одговараат светкави ајлајнери во разни бои. Можат да бидат дел од дневната и вечерната шминка, само прекуден да се комбинираат подискретни бои. Најубаво стојат со мат сенки во контрасни бои.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma