Абидал потполно здрав, по само 6 недели од операцијата
3 мај, 20110

Фудбалерот на Барселона Ерик Абидал повторно ќе се врати во полн сјај. 31 годишниот одбранбен играч на 17 март замина на операција поради тумор на црниот дроб, а само месец дена покасно им се врати на тренинзите со соиграчите на само еден ден пред натпреварот во Лигата на шампионите во полуфиналето со Реал Мадрид.
Закрепнувањето на францускиот фудбалер помина на задоволително ниво, потврдиле лекарите и Абидал добил дозвола да тренира со полно оптоварување, баш како и остатокот од неговите соиграчи.