Адебајор: Сакам да бидам дел од Сити

13 мај, 20110
0

Емануел Адебајор немаше толку лоша полусезона во Реал Мадрид, но ссепак тој ова лето најверојатно ќе се врати во Сити. Не е во прв план на Роберто Манчини, но посакува да ја врати загубената доверба. “Проблемот настана кога игравме против Челзи, а Манчини ме внесе во игра на 15 или 30 секунди до крајот на мечот. Не го притискав тренерот да ме уфрли во игра. Посакував да ме третира со почитување. Од тогаш се тргна на полошо. Сепак има начин за враќање на довербата” изјави Адебајор и додаде дека ќе се обиде да ги поправи работите со Манчини. “Кога ќе се вратам ќе разговараме како двајца возрасни луѓе. Све што барам е да бидам среќен таму каде што играм” смета Адебајор. Има желба да остане во Сити и да освој трофеј со “граѓаните”. “Посакувам да бидам дел од клубот. За жал нема да бидам дел од финалето во ФА купот. Кој знае што ќе биде следната година. Можеби со мене ќе одиме на освојувањето на лигата или Лигата на Шампионите. Им посакувам се најдобро во сабота” заклучи високиот напаѓач.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit