Ахмадинеџад игра монопол “по дома”:)) Ќе го бришел Израел од мапата на светот:)) Ама изгледа со јазик:)))

26 август, 20110
ahmaT

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад повторно го предизвикал Израел, заканувајќи се “бришење” на таа земја. Ахмадинеџад во интервјуто за либанската телевизија “Ал-Манар”, изјавил дека Иран е решен да го “избрише Израел”.
“Иран смета дека сите кои се за човечност мора да се борат против режимот на угнетување и дискриминација”, изјавил Ахмадинеџад. Во интервју за станицата која е контролирана од страна на Хезболах, тој изјавил дека “Иран силно го следи овој став и од него нема да отстапи. ”

Изјавите на Ахмадинеџад се емитувани ден пред годишните анти-израелски манифестации под името “Gods”, кои се одржуваат секоја година на последниот петок на Рамазан. Ахмадинеџад ги повикал сите Ирачани и муслимански нации да учествуваат во анти-израелските манифестации.
Ахмадинеџад уште во 2005 година, бил осудуван од меѓународната заедница поради неговата реторика во врска со Израел. Тој тогаш изјавил дека Израел мора да биде избришан од картата на светот. Иран потоа паднал во уште поголема изолација кога Ахмадинеџад во 2006 година го негирал холокаустот во Втората светска војна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma