Ахмадинеџад: Иран не произведува атомска бомба

23 јуни, 20110
mahmoud-ahmadinejad
Иранскиот претседател, Махмуд Ахмадинеџад изјавил денес дека Иран не се обидува да произведе атомска бомба, но и дека никој не му може ништо против ако одлучи да го стори тоа.
“Кога велиме дека не сакаме да направиме атомска бомба тоа не значи дека не можеме. Но, доколку би сакале да произведеме не се плашиме од никој и не се плашиме да го објавиме тоа. Никој не може да стори апсолутно ништо против тоа“, рекол Ахмадинеџад.
Тој ја критикувал Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) која веќе неколку години води истрага за иранската нуклеарна програма.
“Западните сили формираа нешто што го нарекоа агенција во која довеле група марионети“, рекол иранскиот претседател, додавајќи дека Иран, и покрај тоа, соработува со ИАЕА.
Иран упорно ги демантира тврдењата на Западот дека целта на иранската нуклеарна програма е производство на атомско оружје и вели дека се работи исклучиво за мирнодопска програма чија цел е производство на електрична енергија.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber