Филе: Важи препораката за преговори, ако се спроведат сите реформи

23 јуни, 20110
vesti-PM Gruevski to meet Enlargement Commissioner Fule
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе, на денешната средба со премиерот Никола Груевски, изразил надеж дека формирањето на новата Влада ќе помине без посебни проблеми, а земјата да продолжи со реформите.
Филе нагласил дека препораката за преговори е во сила, но за да има важност, земјата мора да се залага за напредок во спроведување на потребните реформи.
Од Македонија се очекува да биде една од земјите во регионот која треба да го предводи патот кон Унијата, а се оценува дека оваа година земјите од Западен Балкан ќе имаа можност да се приклучат кон процесот на проширување.
Еврокомесарот го повторил ставот на ЕУ дека решението на проблемот со името е од суштинско значење за евроинтеграцискиот процес на земјата. Тој потсетил дека е потребно двете страни да се ангажираат или под покровителство на Обединетите нации, или во непосредни средби и преговори да дојдат до решение.
Филе порачал дека новата македонска влада мора да обрне внимание на ефикасно спроведување на реформите во судството и администрацијата, како и борбата против корупцијата и слободата на медиумите, не заборавајќи да нагласи и спроведување на Рамковсниот договор и состојбата со Ромите во земјата.
Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *