Албумот “Nevermind” по втор пат

25 јуни, 20110
nirvana

Албумот “Nevermind” од групата Нирвана, ќе биде повторно објавен во септември во специјално издание по повод 20 години од појавувањето на овој класичен рок.

Новиот албум ќе содржи четири CD со неколку досега необјавени песни во живо и радио снимки и едена DVD снимка од концертот. Промоцијата ќе биде обележана и со различни придружни манифестации, кои челновите на бендот не сакаат однапред да ги откријат.

Поранешниот тапанар на бендот, Дејв Грол соопштил дека несомнено ќе биде нешто посебно.

“Спремаме неколку работи. Не можам засега ништо да откривам, но ќе видите ќе биде многу интересно.”

На оригиналниот албумот се наоѓаат неколку познати песни, “Lithium”, “In Bloom”, “Come As You Are” и “Smells Like Teen Spirit”.

Според мислењето на многумина, благодарение на овој албум, кој е продаден во повеќе од 30 милиони ширум светот, алтернативниот рок доби поголема публика.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi