
Актерот Алек Болдвин веќе долго време размислувал за можноста да се кандидира за градоначалник на Њујорк. Сега откако демократскиот кандидат Антони Вејнер се повлекол од политиката и кандидатурата, Болдвин сериозно размислува за таа функција.
Негов близок пријател ја потврдил информацијата, а портпаролот на Болдвин изјавил само дека можноста не е искличена.