Американка ќе плива од Куба до САД. Да се помолиме да не ја изедат ајкули

8 август, 20110
пливац

Американката Дијана Најед (61) ќе се обиде да стане првиот човек кој препливал од Куба до САД без соодветна заштита од ајкули.
Дијана доцна вечерта од Хавана почнала да плива кон брегот на САД, и таа се надева дека ќе пристигне во Ки Вест, Флорида на 10 август.
Дијана во седумдесеттите години на минатиот век била една од најдобрите пливачи во светот на долги стази, но не успеала во нејзиниот прв обид во 1978 година да доплива од Куба до САД на свои 28 години.

Сега на 61 годишна возраст таа повторно одлучила да влезе во вода полна со ајкули и да плива 166 километри од Хавана до Ки Вест. Таа изјавила дека тоа е нејзиниот животен сон.

Таа во наредните три дена нема да спие и ќе има само кратки паузи на секои 90 минути, за да може да земе храна преку пластична цевки.

Дијана ќе ја пратат неколку бродови во кој ќе бидат сместени лекари, и тим на луѓе кои ќе ја штитат од ајкули. Покрај неа ќе пловат два чамци опремени со електрични уреди против ајкули.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi