Анализа: Американците гневни на цената на бензинот

12 мај, 20110
6f001106-9dc2-4244-832e-1498e3f41883
Американците плаќаат два пати помала за цена за бензините и пак не се задоволни. Која е причината?
Цените на бензините во САД кои постојано имаат тренд на пораст, секогаш се една од клучните теми за време на претседателската предизборна кампања.
Иако Американците плаќаат двојно помалку за гориво за разлика од Европејците, се поставува и прашањето зошто е тоа проблем за жителите на најсилната светска економија?
Колку и да се зголеми рејтингот на Барак Обама, по убиството на лидерот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен, очекувањата се дека неговиот реизбор за претседателската функција ќе зависи само од две работи – цената на горивата и работните места, објавува Би-Би-Си, пренесува Нетпрес. И врз расположението на Обама влијае состојбата на бензинските пумпи. Цената на еден галон бензин (околу 4,5 литри) во земјата е околу четири долари, што е само 11 центи помалку од рекордните нивоа, кои кулминираа во финансиската година од пред три години. Зголемените цени влијаат на секојдневното движење на луѓето, транспортот и купувањето. Луѓето решаваат да ги намалуваат трошоците од секојдневието за да имаат доволно пари за бензин, што не е добра вест за американската економија која сеуште закрепнува. Ситуацијата со цената на горивата е толку важна, што сите новинари во САД се занимаваат со овој, за нив, застрашувачки проблем.
За споредба, во Европа каде што акцизите се зголемени најмалку за два пати, гневот не е толку видлив , а уште помалку би влијаел на изборните резултати. Планиран протест поради високите цени на горивата во Велика Британија, за време на викендот, собра малку луѓе. Може да се заклучи дека Американците почесто ги користат своите автомобили за разлика од Европејците. И од таа гледна точка, болката од покачување на цената на нафтата е поизразена кај Американците. Просечното растојание кое го поминува еден Американец до работното место секој ден е поголемо за разлика од Европеецот, со исклучок на вработените во Унгарија и Романија. Сообраќајниот метеж е далеку погуст низ американските улици, па затоа има и поголема побарувачка. Но, бензинот во САД има и симболично значење за локалното население, бидејќи ја изразува “мобилноста, слободата на движење и личната слобода“. Со порастот на цените, обратно пропорционално се движи чувството на самодоверба и губење на една важна привилегија за Американците. Тие, цените на горивата, ги поврзуваат со способноста на САД да ја наметнува својата доминација врз остатокот од светот.
“Луѓето во Америка не знаат колку чини бензинот надвор од границите. Ние сме голем и затворен внатрешен пазар. Не гледаме европски фудбал, не гледаме европски филмови и на крајот навистина не ни пречи колку плаќаат Европејците за нивниот бензин“, вели новинарот на “Вол Стрит Џурнал“, Дан Нил.
Успешната елиминација на непријателот број еден, Осама Бин Ладен, ќе биде во позадина при одлуката на гласачите за кого на претседателските избори во 2012 година ќе гласаат. Според Џон Фелми, економист од американскиот Нафтен Институт, главен фактор за поскапување на крајниот производ е зголемената цена на суровата нафта. Трговијата оди на ниво на 1,2 долари за галон повеќе во споредба со август, лани. Фелми објаснува дека порастот на цената на нафтените деривати е поврзан со растечката глобална потрошувачка, особено во Кина и Индија, каде што се’ повеќе луѓе возат автомобили. Порастот на цената им овозможи и поголем профит на нафтените компании со седиште во Тексас. Тие  објавија приход во износ од 10,7 милијарди долари или скок од цели 69 отсто во споредба со претходната година. Тоа, пак, логично предизвика бран незадоволства помеѓу возачите, чии џебови се празнат на бензинските пумпи, а по природа на нештата празните џебови создаваат незадоволни гласачи на изборите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi