Потоа нивните трупови, заедно со телата на уште петмина други фашистички лидери од Италија, биле изложени на плоштадот “Лорето“ во Милано. Виселе со главите надолу. Толпи луѓе минувале крај нив, им се обраќале со погрдни зборови, ги удирале со разни предмети, ги плукале дури и пукале со пиштоли во нив. Фотографи овековечиле дел од тие моменти, а следниот ден на насолвните тсраници на италијанските есници биле објавени тие снимки.
Долго време смрта на Адолф Хитлер е инцспирација за различни теории. Дали тој починал навистина во бункерот или пак избегал? Сталин, во јули 1945 година, лично му рекол на американскиот претседател Труман дека Хитлер со сигурност е сеуште жив и се крие. Потоа следуваат многу истраги и потраги по нацистичкиот водач. Сомнежите дека Хитлер е жив се појавуваат поради недостаток на фотографии од неговиот труп, како и на конкретни материјални докази дека тој е мртов. Но, има фотографии од мртвите тела на сопрузите Гебелс, кои исто така се самоубиле во истиот бункер во кој бил и Хителр со Ева Браун. Постои снимка од мртвото тело на двојникот на Хитлер, Густав Велер, во бункерот. Првично таа била приложувана како доказ за смртта на Фирерот.
На крајот утврдено е дека Хитлер се самоубил истрелувајќи си куршум од пиштол во главата, а Ева Браун испила цијанид. По наредба на лидерот на Третиот Рајх неговите најблиски телохранители му го запалиле телото, заедно со тоа на Ева Браун, а остатоците ги погребале на околу три метри од влезната врат ана бункерот. Остатоците навистина биле најдени таму, а обдукцијата покажала дека тие се токму на Адолф Хитлер и на Ева Браун. Во 1956 година, во Гемранија, официјално е објавено дека Хитлер е мртов, а како датум на неговата смрт е впишан 30 април 1945 година, додека како место на смртта е заведен неговот бункер во Берлин. Таква е и документацијата на САД. Во меѓувреме, советските власти објавуваат фотографија од неговиот череп, но во 2009 година американски научници тврдат дека тој и припаѓа на жена. Својата констатација тие ја поткрепуваат со ДНК експертиза. Која е жената, останува тајна.
На 25 декември 1989 година, романскиот претседател Николае Чаушеску и неговата сопруга Елена се прогласени за виновни за геноцид и се осудени на смртна казна, по експресен судски процес. Тие се стрелани веднаш во воена база во Трговиште (административен центар во округот Дамбовица, Влашко).